Роси: Жал ми е за навивачите, меѓутоа ние дадовме максимум

Од:

Легендарниот мотоциклист Валентино Роси, призна оти не е сигурен дали ќе може да му парира на идниот колега Хорхе Лоренцо, кога следната сезона заедно ќе ги бранат боите на Јамаха.

Откако мина во Дукати во 2011-та година, Роси е само бледа слика на седумкратниот Мото ГП првак. За разлика од него, Лоренцо минатата сезона беше втор во конечниот поредок, а моментно е лидер и води голема борба за шампионската титула со Дани Педроса.

„По две тешки сезони не сум сигурен дали можам да бидам брз како Лоренцо. Морам најпрво целосно да се сконцентрирам на себе и дса се обидам да сфатам колкав е мојот потенцијал за годините кои претстојат. Лоренцо можеби е најдобриот мотоциклист во моментов и ќе ми биде многу тешко да го победам. Мене ми е најважно да се забавувам, а резултатите да не трпат поради тоа. Знам дека ова е тешко“, вели Роси.

Италијанецот додава дека не жали за времето минато во редовите на Дукати.

„Жал ми е за навивачите, меѓутоа ние дадовме максимум. Сепак, резултатите изостанаа. Наскоро Ауди ќе дојде во Дукати и сигурен сум дека им претстојат подобри денови. Го имаме истиот проблем кој не го решивме уште од моето доаѓање, а во овие години за мене е битно да имам што подобар мотор и да се борам за врвот. Затоа се одлучив за враќање во Јамаха“, заклучи Роси.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска