Роси: Маркез ми ја зема титулата

Од:

9-кратниот светски шампион Валентино Роси, изјави дека потегот на Марк Маркез го чинел титула по инцидентот кој го имаа на трката за Големата награда на Малезија.

Двајцата водеа голема борба, по која Маркез излета од патеката.

Стјуардите востановија дека бранителот на титулата имал намера да го поремети ритамот на Роси, кој наседнал на провокацијата и сакал да го натера својот ривал да вози прешироко, а тогаш дошло до контакт.

Роси го зазема третото место на претпоследната трка во овогодинешното Мото ГП издание, но на затворањето во Валенсија, на 8 ноември, ќе стартува од последната позиција како казна.

„Маркез денеска го потврди она што го најавив во четвртокот. Успеа и јас ја загубив титулата. Не сакав да излета, тоа не беше моја намера, само го допрев бидејќи тој прв тргна кон мене со кацигата. Се допревме, но не е вистина дека јас го сторив тоа без причина. Тој со моторот ја допре мојата нога. Мислам дека ова е лош исход за сите. Ќе беше добро да се борев со Лоренцо, но Марк одлучи дека мора сам да ја решава ситуацијата”, нагласи Роси, кој пред последната трка има седум бода повеќе од Лоренцо.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска