Седумкратниот Моto GP шампион Валентино Роси ќе основа академија со цел да ги поддржи младите италијански таленти.
„Започнавме да работиме со неколку млади италијански возачи и овој проект го нарековме “Возачка Академија 46”. Работиме со неколку млади ѕвезди од Moto3, а исто така и со неколку од италијанскиот и шпанскиот шампионат, но немаме намера да основаме тим”, изјави Роси.