Сите на крајот на минатата сезона му препорачуваа пензија. Сепак Валентино Роси доживува втора младост. ОД Дукати премина во Јамаха и е се подобар и подобар. Задоволен е и самиот „доктор“ кој се надева дека оваа сезона може да се врати на врвот на ранг листата кога станува збор за „кралската класа“.
„Многу сум среќен. Можам слободно да кажам дека повторно се родив. Верувам дека повторно можам да бидам на врвот. Ќе водам голема борба со најдобрите возачи“ – изјави Роси.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот почнува на 7. април со трката во Катар.