Тимот на Јамаха, пред почетокот на тестирањата, го престави новиот моторцикл со кој ќе се натпреварува сезонава во кралската класа во Мото ГП шампионатот.
На моделот на Јамаха „M1“ Хорхе Лоренцо ќе ја брани титулата освоена минатата година, партнер на Шпанецот оваа сезона ќе му биде легендарниот доктор, Валентино Роси.
Токму враќањето на Роси во Јамаха е една од главните теми во светот на мотоциклизмот, докторот нема победа во Мото ГП шампионатото две ипол години.
За разлика од клупскиот колега, Лоренцо ќе се обиде да стане првиот возач која ја одбранил титулата во кралската класа. Последен кој успеал да ја одбрани титулата во најсилната класа бил токму Роси.
Сезоната во Мото Гп шампионатот ќе стартува на 7.април во Катар.