Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо влезе во Гинисовата книга на рекорди на меч кој неговата репрезентација го одигра на Исланд.
Роналдо пред овој квалификациски натпревар доби сертификат за тој рекорд, бидејќи стана првиот фудбалер кој забележал 200 настапи за националниот тим.
Португалците се лидери во групата Ј со девет бода од три кола. Словачка е втора со седум, Луксембург има четири, а Исланд и Босна и Херцеговина имаат по три.