Кристијано Роналдо, конечно, го постигна својот прв гол за новиот клуб Ал-Наср во Саудиска Арабија, откако беше прецизен во 93. минута од мечот против Ал-Фатех, за да обезбеди поен при 2:2 ремито.
Кристијан Телјо ги донесе Ал-Фатех во водство уште на стартот на мечот во 4. минута, пред Талиска да израмни во 42. минута од мечот, откако претходно неговиот обид заврши во стативата во 34. минута, а Роналдо промаши празен гол. Ал-Фатех пак дојде до водство во 58. минута преку Алжирецот Софијан Бендебка, пред во 93. минута, Роналдо од белата точка да ги постави конечните 2:2.
Ал-Наср се на првото место на табелата со 34 поени, исто како и второпласираните Ал-Шабаб, но со натпревар повеќе.
Извор: Топспорт