Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна два гола против Лион во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, но неговиот тим не успеа да напредува во следната фаза на турнирот.
Португалецот ја заврши сезоната со вкупно 36 гола на сите турнири и го подобри рекордот на Ференц Хирцер. Пред 94 години, Унгарцот постигна 35 голови на 25 одиграни натпревари и до ден денес беше најуспешниот фудбалер на „старата дама“ во кампања.
Уште поимпресивно е уште едно достигнување на Роналдо. Тој има 130 гола во ЛШ, што е точно колку што има Атлетико Мадрид во турнирот. Само 22 екипи постигнаа повеќе голови од Кристијано во најпрестижното клупско натпреварување.
Триесет и пет-годишниот ас нема да игра во четвртфиналето за прв пат по 10 години. Интересно е што во сезоната 2009/10 тој повторно беше на губитничката страна по судирите со Лион, но тогаш со тимот на Реал Мадрид.