Кристијано Роналдо беше суспендиран на два натпревари поради вулгарните гестови кои ги упати до дел од навивачите кои го испровоцираа извикувајќи го името на Лионел Меси, а на последната прес-конференција Португалецот уште еднаш се извини за се.
Имено, напаѓачот на Ал-Наср вулгарно одговори на вообичаените провокации кои ги добиваше за време на мечот со Ал-Шабаб со тоа што прво се фати за увото, а потоа и за меѓуножјето.
Cristiano Ronaldo:
“Remontada, Insha Allah.” 😍🤍
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) March 10, 2024
„Секогаш ќе ги почитувам културите на сите земји. Отсекогаш сум ги почитувал. Како што реков претходно, никогаш нема да го повторам тој гест во оваа земја, но во Европа тоа е сосема нормално. Понекогаш страста и напнатоста нè наведуваат на грешки. “, рече Роналдо.
Инаку, прес-конференцијата беше организирана пред реваншот од азиската Лига на шампиони во кој Ал-Наср ќе игра против Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати. Во првиот четврт-финален натпревар Ал-Аин победи со 1:0, но Роналдо е оптимист.
Подготвен сум за обрт. Иншалалах“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Португалецот е во Ал Наср од 2022 година и на 50 натпревари постигна 42 гола со 13 асистенции.