Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, вечерва го игра својот 100-ти натпревар во дресот на Јувентус.
Португалецот јубилејот го бележи на гостувањето кај Џенова во дуел од 11.коло во италијанската Серија А.
Триесет и петгодишниот Роналдо, досега постигна 77 гола на 99 претходни натпревари за италијанскиот шампион.
Во тимот на Џенова во почетниот состав го нема македонскиот репрезентативец Горан Пандев.