Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, ја освои „Златната топка“ која ја доделува француското списание „Франс фудбал“.
Наградата за Роналдо доаѓа како признание по одличната сезона и освојувањето на Лигата на шампионите и Европското првенство.
Роналдо триумфира пред големиот ривал Лионел Меси од Барселона и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.
Свеченоста на доделување на „Златната топка“ е закажана за вечер во 20 часот, а „Франс фудбал“ добитникот го соопшти на насловната страна. Роналдо поради настап со Реал Мадрид на Светското клупско првенство во Јапонија, нема да присуствува на свечената церемонија.
Португалскиот фудбалер по четврти пат ја добива престижната награда. Рекордот го држи Меси кој пет пати беше прогласуван за најдобар фудбалер на светот.