Романскиот тенисер Мариус Фроса доби осуммесечна суспензија поради незаконско обложување. Покрај суспензијата Фроса ќе мора да плати и парична казна од 1.000 американски долари.
Комисијата за чесност и борба против корупција во тенисот (ТИУ) утврди дека романскиот тенисер се обложил 12 пати во периодот меѓу јули 2014 и јуни 2015 година на тениски натпревари. Сепак, олеснителна околност за него е тоа што не се кладел на мечеви на кои тој настапувал.
Фроса моментално е рангиран на 2.010. место на АТП ранг листата и настапувал само на фјучрс турнири.