Денис Родман наскоро може да се врати во кошарката и тоа како тренер. Toj има намера да ја преземе селекцијата на Северна Кореја.
Тој веќе неколку пати беше во земјата за да ја популаризира кошарката, а се спријателил и со лидерот Ким Јонг Ун.
Никој не треба да се плаши од Северна Кореја. Тие само сакаат промени, а во тоа се вбројува и кошарката. Сакам луѓето да дојдат тука, и да видат дека е убаво и мирно. Јас сакам да бидам пример, па затоа ќе ја преземам селекторската позиција во кошаркарската репрезентација – изјави Родман.