Претходно денес, стана јасно дека германската Прва Бундеслига ќе биде првиот голем шампионат што ќе се продолжи по пандемијата од коронавирус.
Германската фудбалска лига го закажа рестартирањето на елитното првенство во земјата за 16 мај.
Извршниот директор на фудбалската лига на земјата, Кристијан Сејферт, изјави дека сезоната ќе продолжи со строго почитување на здравствените мерки, вклучително и без навивачи на стадионите.
Таков ќе биде случајот на еден од воведните натпревари за коло – Рурското дерби меѓу Борусија Дортунд и Шалке 04.
Дуелот ќе биде еден од натпреварите што ќе го отвори колото на 16.05 (сабота) со почеток во 15:30 часот по македонско време.
Во исто време, ќе започнат уште 5 натпревари.
Шампионот Баерн Минхен ќе го посети Унион Берлин во недела (17.05) од 18:00 часот.
Датуми и време на сите натпревари од 26 коло во Бундеслигата:
Од 15:30 часот
Борусија Дортмунд – Шалке 04
РБ Лајпциг – Фрајбург
Хофенхајм – Херта Берлин
Фортуна Дизелдорф – Падерборн
Аугсбург – Волфсбург
Од 18:30 часот
Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах
17 мај (недела)
Од 15:30 часот
Келн – Мајнц 05
Од 18:00 часот
Унион Берлин – Баерн Минхен
18 мај (понеделник)
Од 20:30 часот
Вердер Бремен – Баер Леверкузен
Баерн Минхен се во потрага по осмата последователна титула во Германија.
Во привремената позиција, Баварците водат со 4 бода пред Борусија Дортмунд и 5 поени пред РБ Лајпциг.
Остануваат 9 кола до крајот на сезоната.