Во насока на стекнување што поголемо искуство во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б), македонската кошаркарска репрезентација до 16 години ќе одигра неколку пријателски натпревари во Скопје, но ќе земе и учество на меѓународен пријателски турнир во Истанбул.
Оваа селекција, првиот собир ќе го одржи на средината на идната недела (28 јуни) со почеток во 11 часот и 30 минути, а неполн месец од почетокот ќе замине за Истанбул.
На турнирот кој ќе се одигра во периодот од 22 до 26 јули, покрај Македонија, учество ќе земе и соодветната селекција на Грузија како и репрезентациите до 17 години на Кувајт, Обединети Арапски емирати, Саудиска Арабија и на Катар.
На 22 јули Македонија ќе игра со Кувајт, ден потоа со Грузија, на 24 јули против Саудиска Арабија, а во последните два дена од турнирот противници ќе и бидат Катар и Обединетите Арапски Емирати.