Реми против големата Русија

Од:

Ракометарите на Македонија одиграа нерешено против Русија, 29:29 на четвртиот натпревар во Групата Б на Светското првенство во Шпанија.

Македонија два пати губеше со шест гола разлика. Но со храброст и решителност, нашите ракометари се вратија резултатски, и со гол во последната минута освоија бод.

Кире Лазаров беше најдобар стрелец во нашите редови со десет гола, Стоилов постигна пет, а Манасков четири погодоци.

По овој резултат, нашите ракометари сега треба да слават во последното коло против Данска за да го избегнат четвртото место во групата, но по играта прикажана денеска, особено во второто полувреме, јасно е дека „црвено-жолтите“ имаат капацитет за такво нешто.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он