Реми без голови против Португалија

Од:

Фудбалска репрезентација на Макеоднија одигра нерешено 0:0 со Португалија на гости на пријателската средба во Леирија.

Нашиот национален состав одигра цврсто и дефанзивно во најголемиот дел од натпреварот.

Португалија и покрај доминацијата не успеа да го скрши отпорот на нашата репрезентација. За Португалија Кристијано Роналдо одигра 72 минути, додека Горан Пандев го одигра целиот натпревар.

За Португалија ова беше контролен натпревар во рамките на подготовките за настапна ЕП во Полска и Украина додека Македонија се подготвува за мундијалските квалификации.

Веќе во вторник Македонија во Есторил се среќава со Ангола и ќе се обиде да врзе две средби без пораз на оваа мини турнеа во Португалија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он