Даниеле Педроса на Репсол Хонда ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Каталуња.
Лидерот во Мото ГП шампионатот во кралската класа, до пол позицијата стигна со време од 1:40.893 минути, со што го собори рекордот на патеката кој беше во сопственост на Кејси Стонер.
Првиот ред на трката која ќе се вози во недела го комплетираа Кал Крачлоу на Јамаха Тех 3 и актуелниот шампион Хорхе Лоренцо.
Од вториот ред ќе стартуваат Алваро Баутиста (Хонда Гресини), Ники Хајден (Дукати) и Марк Маркез (Репсол Хонда).