Реал ветил дека ќе го олесни трансферот на Бејл

Од:

Раководството на Реал Мадрид го известило Герет Бејл за својата намера да го продаде во текот на летото, но исто така ја изразило својата благодарност кон него за посветеноста и доброто однесување кои тој ги одржува од трансферот во клубот во 2013 година, пишува „АС“.

Според изданието, мадриѓани ветиле дека како гест на благодарност, ќе го олеснат преминувањето на играчот во избраниот од него клуб, под услов пристигнатите понуди да се горе-долу слични една со друга.

Тоа се случило на состанокот помеѓу генералниот директор Хозе Анхел Санчез и агентите на играчот Џонатан Барнет и Луис Алонсо кој поминал во целосно пријателска атмосфера. Сличен трансфер нема да се случи веднаш по крајот на сезоната, туку ќе се одолговлечи во текот на летото. Цената е 130 милиони евра.

Се проценува дека двата клуба кои пројавуваат најсилен интерес за Велшанецот се Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. „Црвените ѓаволи“ одамна имаат апетити кон крилото, а претседателот на баварците, Ули Хенес вети голема селекција за следната сезона, во центарот на која може да е токму брзоногиот фудбалер.

Бејл има 227 натпревари со 102 гола и 63 асистенции за Реал. Бројките можеа да бидат и поголеми, но 23-те повреди за време на 6-те негови сезони на „Сантијаго Бернабеу“ покажаа влијание врз неговата кариера во клубот.

Би можело да ве интересира

Мијатовиќ: Чаби Алонсо треба да биде нов тренер на Реал Мадрид

А1он

Трент е само почеток, Реал тргна по шпанскиот бисер од 50.000.000 евра

А1он

Мбапе се израмни со Шукер, за рекорд му требаат уште 9 гола

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он