Реал сака да продаде пет играчи пред да купи нови

Од:

Реал Мадрид планира да се раздели со неколку играчи на тимот на крајот на оваа сезона. Клубот има намера да продаде најмалку пет играчи пред да влезе во трансфер пазарот за да потпише со нови.

На трансфер листата се ставени Хамес Родригез, Герет Бејл, Лукас Васкез и Маријано Дијаз, а за Начо клубот е подготвен да разгледа понуди.

Раководството на клубот им понуди на ветераните Марсело и Лука Модриќ да решат сами каде сакаат да продолжат со кариерата.

Се очекува Мартин Едегор и Ашраф Хакими да се вратат од позајмица, исто така е можно шанса во првиот тим да добијат Дани Себалос, Серхио Регилон и Такефуса Кубо.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он