Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Од:

Килијан Мбапе на 1 јануари доби право да потпише преддоговор со нов клуб доколку реши да го напушти ПСЖ на крајот од сезоната, а сите очекуваат дека негова следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.

Реал Мадрид сакаше да го доведе како слободен играч во летото 2022 година, но Мбапе ги одложуваше со месеци и конечно во мај го продолжи договорот со ПСЖ до летото 2024 година.

Тогаш Реал му понуди бонус од дури 150 милиони евра за потпишување на договорот, а Флорентино Перез не ги заборави настаните од зимата 2022 година, а тоа го покажува актуелната понуда што кралскиот клуб му ја подготви на Мбапе.

Реал овојпат му постави рок на Мбапе да го потпише преддоговорот до крајот на јануари и наместо 150 милиони, сега се подготвени да му дадат „само“ 50 милиони евра за потпишување на договорот.

Неговата плата би била иста како понудената пред две години, односно 26 милиони евра годишно.

Секако, парижаните се подготвени да му дадат многу поголема плата на Мбапе, но Французинот е свесен дека има многу поголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите во Реал, па ќе биде интересно да се види како ќе заврши оваа сага.

Би можело да ве интересира

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

(ВИДЕО) Реал го искористи киксот на Барса, Мбапе повторно се насмевна

А1он

Легендарниот Французин тврди: Погба му фрли црна магија на Мбапе

Предраг Петровиќ