Реал подготвува сензационална понуда за Кејн

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во обидот да го донесе Хари Кејн на „Сантијаго Бернабеу“ подготвува несекојдневна понуда за премиерлигашот Тотенхем, објавија англиските медиуми.

Како што се наведува, Перез е подготвен во Лондон да ги прати Герет Бејл, Лука Модриќ и Карим Бензема, за во својот тим да го добие Кејн.

Англискиот репрезентативец е во одлична форма и со своите игри го импресионира првиот човек на „кралскиот клуб“.

Доколку не успее оваа „трампа“ на Перез му останува другата опција, а тоа е да ја плати откупната клаузула која чини 200 милиони евра.

Реал сака со ангажирањето на 24-годишниот Кејн на подолг рок да се обезбеди со врвен голгетер.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он