Реал на лето ќе се ослободува од шест фудбалери

Од:

На крајот на сезоната, Реал Мадрид може да се раздели со шест фудбалери одеднаш, чиј понатамошен престој во клубот се смета за економски неоправдан.

Како што пренесува „Ас“ станува збор за напаѓачот Лука Јовиќ, дефанзивците Марсело и Хесус Ваљехо, играчите од средниот ред Герет Бејл, Иско и можеби Еден Азар, во кој Реал Мадрид и покрај повредите сè уште верува.

Според изворот, доколку сите овие играчи си заминат, тогаш Реал ќе заштеди 54 милиони евра нето плати за годината, а тоа ќе им овозможи да потпише со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и да го обнови договорот со Винисиус.

Азар и Бејл добиваат по 15 милиони евра по сезона, Иско и Марсело – по 8 милиони, Јовиќ – 5 милиони, Ваљехо – 3 милиони (само голманот Андреј Лунин заработува помалку од него во Реал Мадрид).

Во исто време, Иско, Марсело и Бејл на крајот од сезоната можат да станат слободни агенти.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он