Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид оствари рекордни приходи од 1,221 милијарда евра во сезоната 2025/26, иако не освои ниту еден трофеј.
„Оперативните приходи, исклучувајќи ги оние од трансфери на играчи, достигнаа 1,221 милијарда евра, што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со претходната финансиска година“, се наведува во соопштението на клубот.
Со тоа, Реал Мадрид за првпат ја надмина границата од 1,2 милијарди евра приход – достигнување што досега не му успеало на ниту една спортска организација во светот. Клубот исто така пријави нето-добивка од 26 милиони евра, што претставува зголемување од осум отсто во однос на сезоната 2024/25.
За одличните финансиски резултати значително придонесоа зголемените приходи од реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ (пораст од 11 отсто, на 363 милиони евра), како и новите партнерства за спонзорство.
Во јуни, Реал го назначи Жозе Мурињо за нов тренер на местото на Алваро Арбелоа, а првиот тим беше засилен и со играчи како Бернардо Силва и Марк Кукуреља.
Според медиумските извештаи, Реал веќе го договорил доаѓањето на крилниот играч – Јан Диоманде од РБ Лајпциг, додека се шпекулира дека и играчот од средниот ред Родриго од Манчестер Сити е една од целите за трансфер.
