Разногласие во Јапонскиот олимписки комитет поради Игрите во Токио

Од:

Членот на Управниот одбор на Јапонскиот олимписки комитет Каори Јамагучи ги обвини организаторите на претстојните Игри во Токио за игнорирање на јавното мислење во земјата, кое се противи на одржување на најголемиот светски спортски самит во јапонската престолнина.

Испитувањата на јавното мислење во Јапонија покажуваат дека огромно мнозинство од населението е против одржување на летната Олимпијада поради влошената епидемиолошка состојба поврзана со коронавирусот.

Јамагучи, кој е носител на олимписки медал во џудо, ги обвини јапонската Влада, Организацискиот одбор на Игрите и Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека „избегнуваат дијалог“ и рече дека МОК го смета „јавното мислење во Јапонија за неважно“.

Критиките од Јамагучи доаѓаат откако претседателката на Организацискиот одбор на Олимписките игри (ОИ) во Токио, Сеико Хашимото изрази „стопроцентна сигурност“ дека Олимпијадата ќе се одржи како што е планирано од 23 јули до 8 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он