Размената Дибала-Лукаку веќе била договорена

Од:

Манчестер Јунајтед и Јувентус практично ја договориле размената помеѓу двата напаѓачи Ромелу Лукаку и Пауло Дибала.

Според „Газета дело спорт“, договорот е многу близу до финализирање.

Спортскиот директор на „бјанконерите“, Фабио Паратити успеал да ја заврши најтешката работа и да го убеди Аргентинецот да ја продолжи неговата кариера на „Олд Трафорд“.

Интер исто така има силен интерес за Белгиецот, но „нероазурите“ се далеку од исполнување на финансиските побарувања на „црвените ѓаволи“ и нивните предлози не беа прифатени од англискиот клуб. Лукаку не замина со тимот во Осло, а Оле Гунар Солскјер повика иднината на напаѓачот да биде решена во наредните четири дена.

Пазарот на трансфери во Англија се затвора на 8 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски