Раул: Имавме шанса за победа, но тешко е против Киелце

Од:

Македонскиот првак Вардар не успеа да го изненади полскиот и европски првак Киелце на негов терен, иако одигра рамноправен натпревар, на затворањето од есенскиот дел во Лигата на шампионите.

Тренер, Раул Гонзалес, му честиташе на победникот по мечот и рече дека Вардар играше подобро како течеше натпреварот, за на крај да добие дури и можност за победа.

– Киелце е освојувач на Лигата на шампионите, а на домашен терен секогаш игра одлично. Натпреварот беше одличен за гледачите бидејќи и двата тима одиграа цврсто и добро и во одбрана и во напад. Ние не почнавме како што сакавме, но во продолжение игравме подобро и подобро. Во вториот дел нашиот голман Милиќ беше одличен и ние добивме шанса можеби да ги освоиме двата поена, но беше тешко, Киелце беше одличен и во одбрана и во напад. Тоа е ракометот, добар меч, но ние загубивме, изјави Раул на прес-конференцијата по натпреварот.

Полјаците славеа со 27:24 и го задржаа првото место во групата, додека Вардар како трет, со два бода помалку ќе ги чека преостанатите пет меча.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица