Раул го објави поширокиот список за ракометното ЕП 2018

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез, денеска го објави поширокиот список од 28 ракометари кои ќе конкурираат за настап на Европското првенство што во периодот од 12 до 28 јануари ќе се игра во Хрватска.

На списокот на Раул се наоѓаат:

голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски;

бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов;

крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски;

пивоти: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски.

Македонија се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир