Раониќ го елиминра Федерер во полуфиналето на Вимблдон

Од:

Канадскиот тенисер Милош Раониќ со пресврт стигна до победата во полуфиналето на Вимблдон над седумкратниот победник на овој турнир Рожер Федерер.

Тој во полуфиналето беше подобар со 3-2 во сетови (6:3; 6:7 (3:7); 4:6; 7:5 и 6:3 во гемови). Федерер водеше во мечот со 2-1 во сетови, но сепак на крајот мораше да му честита на Раониќ за неговото првото Грен слем финале.

Раониќ досега најдобриот резултат на Грен слем турнирите го имаше со две полуфинални учества (Вимблдон 2014 и Австралија Опен 2016).

Ова за Федерер беше прв пораз на Вимблдон во полуфинален меч, бидејќи досега секогаш победуваше и има одиграно 10 финални меча.

Во второто полуфинале што е во тек, играат Енди Мареј и Томаш Бердих, а победникот од овој меч в недела ќе игра во финалето со Раониќ.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен