Раководството на МКФ во работна посета на Турција

Од:

Првите луѓе на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), претседателот Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска на покана на претседателот на Турската кошаркарска федерација, Харун Ерденај во следните три дена ќе престојуваат во работна посета на ТБФ во Анкара.

На средбите со раководните луѓе на ТБФ, Наумоски и Гаврилоска ќе ја анализираат досегашната  соработката која започна минатото лето и во чии рамки неколку македонски млади репрезентации престојуваа на тренинг кампови во Турција.

На средбите во Анкара во просториите на Турската куќа на кошарката, претседателот Наумоски и генералниот секретар Гаврилоска со нивниот домаќин Харун Ерденај ќе договараат и идна подлабока соработка меѓу двете федерации подигната на уште повисоко ниво. Главен акцент на соработката секако ќе биде ставен на усовршувањето на младинските селекции и создавање на идни сениорски репрезентативци.

На покана на првиот човек на ТБФ, Харун Ерденај , Наумоски и Гаврилоска во рамките на посетата на Анкара ќе го гледаат и дуелот од турскиот Супер Куп меѓу екипите на Анадолу Ефес и Фенербахче.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска