Ракометното првенство нема да се доигра

Од:

УО на РФМ на денешната седница одлучи дека нема да има шампион за сезоната 2019/20.

Наредното, пак, првенство ќе се игра според шемата 14+2, односно во првата фаза ќе настапат 14 екипи поделени во две групи, додека во фазата плејоф ќе се приклучат и Вардар со Еурофарм Пелистер.

Донесена е и одлука кои екипи ќе ја претставуваат земјава во европските клупски натпреварувања.

Вардар ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, додека за Еурофарм Пелистер е оставена можноста да аплицира за најпрестижниот ракометен турние во Европа.

Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел ќе бидат дел од новоформираната Лига Европа.

Тимот од Автокоманда веројатно ќе биде директен учесник во групната фаза на Лига Европа, додека во најлош случај ќе мора да одигра едно квалификациско коло за влез во групната фаза.

За разлика од Лигата на шампионите, списокот на учесниците во Лига Европа ќе биде познат дури на 21 јули, а се очекува и откажување на извесен број на екипи кои можат да настапат во Лига Европа, но веројатно ќе го одбијат тоа поради финансиските проблеми предизвикани од корона-кризата.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ