Ракометниот клуб Делчево освои бронзен медал на Меѓународен турнир во Бугарија

Од:

Ракометниот клуб „Делчево“ со бронзен медал се врати од Меѓународниот турнир „Георги Божиков“, кој се одржа во градот Горна Ораховица, Бугарија. Како што информираше тренерот на делчевци, Горан Велков, освен бронзениот медал, за најдобар стрелец на турнирот е прогласен Мирче Георгиев од оваа екипа.

-Во борбата за третото место ја совладавме екипата на ХК „Чардофон“ од Габрово која не можеше да ни пружи посилен отпор во малото финале. Што се однесува до нашиот пласман морам да изразам задоволство од прикажаното, најмногу ако се има во предвид неприликите кои ги имавме при патувањето како и неиграњето на тројца стандардни првотимци. Ако на тоа се придодаде и фактот што на првиот натпревар директно од автобус влеговме на терен, можам да кажам дека бронзениот медал е одличен резултат. На овој успех го придодаваме и тоа што нашиот ракометар Мирче Георгиев е прогласен за стрелец на турнирот, рече Велков.

На овој турнир покрај учесниците во малото финале, учествуваа и домаќините, екипата на “Локомотив“ како и екипата на „Торо Спорт“ од Виница. На турнирот кој по 8 пат се оддржа во Горна Ораховица, Бугарија, првото место и припадна на екипата на Торо Спорт од Виница, која трофејот „Георги Божиков“ го освои со победа над домаќинот со 31:27.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир