Ракометарките започнуваат со финалните подготовки за Еуро 2012

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија, во понеделникот, стартуваше со уште една фаза од подготовките за настап на Европското првенство.

Селекторот Гино Стрезовски, со своите избранички, во Скопје ќе одработи мини подготовки, а потоа репрезентацијата, во среда, ќе замине за Украина каде ќе учествува на ’Турчин купот’.

Турнирот во Украина, на кој ќе учествуваат шест репрезентации, ќе се игра од 22 до 26.ноември. Македонија ќе биде во А групата заедно со Украина и Унгарија, во Б групата ќе партиципираат Русија, Холандија и Чешка.

Селекторот Стрезовски во Украина ќе патува со 16 ракометарки.

Голмани: Тања Андрејева (Металург), Дијана Наумоска (Жито Прилеп)

Крила: Драгана Пецевска (Металург), Симона Гроздановска (Металург), Драгица Митрова (Металург), Марија Папуџиева (Бодрум, Турција), Матилда Атанасоска (Вулканидес, Германија)

Бекови: Јулија Николиќ (Звезда, Русија), Билјана Црвенкоска (Салерно, Италија), Марија Штериова (Вардар СЦБТ), Ивана Саздовски (Вардар СЦБТ), Мирјета Бајрамовска (Металург), Десподовска (Металург), Душица Ѓорѓиевска (Металург)

Кружни напаѓачи: Робертина Мечевска (Металург), Наташа Младеновска (Металург)
Македонија на Европското првенство, чии домаќин од 4 до 16.декември ќе биде Србија, ќе се натпреварува во Б групата заедно со селекциите на Франција, Данска и Шведска.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ