Ракометарите пред прв сериозен тест

Од:

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот ќе биде ставена на првите посериозни искушенија на Мундијалот во Шпанија, соочувајќи се со селекцијата на Исланд во мечот од 3. коло во групата Б во Севилја. „Црвено-жолтите“ по двете победи во првите две кола се наоѓаат на делба на врвот на табелата со максимален учинок, со кои обезбедија пласман во 1/8-финалето.

Со победа над Исланд вечерва, кој претставува прв сериозен тест и прв европски противник на четата на македонскиот селектор Звонко Шундовски, ракометарите ќе го освојат најмалку третото место во групата со кое ќе ја избегнат опасната Франција во 1/8-финалето. Без разлика на амбициите и формата, селекторот Шундовски фаворитската улога му ја препушти на противникот.

– Репрезентацијата на Исланд е фаворит во дуелот со Македонија, пред се заради нивното реноме во светскиот ракомет. Како ќе заврши натпреварот најмногу зависи од нас. Ќе мораме брзо да се враќање од напад во одбрана и пред се да се направи брз фаул за да можеме да се замениме. За разлика од првите две средби, кога игравме со Чиле и Катар, на следните дуели против селекциите од Европа мислам дека ќе ни биде полесно во нападот. Задоволен сум од формата на играчите и нивното залагање на натпреварите досега. Работиме на отстранување на грешките кои ги имавме на првите два натпревара и се надевам дека Исланд нема да игра во одбраната како што тоа го играа Чиле и Катар, зона 3+3, впрочем тоа не одбрана карактеристична за Исланѓаните и не верувам дека нешто посебно можеле да подготват во овој еден слободен ден. Можеби пореално е да играат 5-1 зона, или со „фластер“ на Кирил Лазаров – изјави селекторот Шундовски.

Исланд на ЛОИ во Лондон лани го освои 5. место, додека вечерашниот противник на „црвено-жолтите“, за кои ова е 17. учество на Мундијалите, истата позиција е највисока и на СП, освоено во 1997 година. Во меѓусебните дуели Исланд има 8 победи, а Македонија 2. Во баражот за СП 2009 година во Хрватска, Македонија го елиминираше Исланд и тоа им е единственото пропуштено Светско првенство од 1986 година до сега. По првите две кола Исланд има победа над Чиле и пораз од Русија.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ