Ракометарите го совладаа Египет

Од:

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во салата „Чаир“ во Ниш во контролен натпревар го победи Египет со 32:28. На полувремето Македонија водеше со 18:12.

Нашите ракометари утре со почеток од 18 часот и 30 минути ќе го одиграат и последниот подготвителен дуел против Србија исто така во Ниш.

По одигрувањето на двата натпревара селекторот Звонко Шундовски ќе треба да ги одреди играчите кои ќе патуваат на Светското првенство кое од 11 до 27 јануари ќе се одржува во Шпанија.

Во недела по враќањето од Ниш македонскките репрезентативци ќе продолжат со тренинзи, а на 11 јануари патуваат со чартер лет за Севиља, каде на 12 јануари ќе ја имаат премиерата на Мундијалот против репрезентацијата на Чиле.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир