Ракитиќ: Хрватска мора да ја поправи играта и покрај победата од 5:1

Од:

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Ракитиќ изјави дека мора да биде задоволен од триумфот на „коцкестите“ од 5:1 над Норвешка, но и дека неговата репрезентација ќе мора да коригира одредени сегменти од играта.

– Се чиствувам одлично по една ваква голема победа, остварена пред повеќе од дваесетина илјади навивачи. Но, не одигравме најдобро што можеме и сметам дека одредени работи ќе гора да се поправат, изјави Ракетиќ.

Хрватска по пет одиграни натпревари во квалификациите за Европското фудбалско првенство во Франција во 2016 година, е на првото место во групата Х со учинок од четири победи и еден нерешен резултат, односно вкупно 13 бодови, пред Италија која има 11 и Норвешка со 9.

– Се оди во добар правец, но не чека уште многу работа. Ништо не е готово и тоа не смееме да го заборавиме во месеците кои следуваат. Немавме добар ден во саботата, но покажавме дека и со таква игра можеме убедливо да славиме победа. Млади сме и гладни за успех. Мислам дека сме на прав пат да направиме голем успех, изјави фудбалерот на Барселона и хрватската репрезентација Иван Ракитиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он