Селекторот на Велс, Рајан Гигс е уапсен под обвинение за напад врз неговата девојка. Британската полиција во неделата доцна вечер го привела Гигс по добиен од неговата девојка Кејт Гревил за насилство. Четириесет и шестгодишниот Велшанец бил испрашуван под сомнение за напад и телесни повреди нанесени на неговата девојка. Потоа беше ослободен со кауција во очекување на завршувањето на истрагата. Гигс ја напушти станицата во понеделникот попладне.
„Триесетгодишна жена претрпе полесни повреди, но не и беше потребна медицинска помош. Уапсен е 46-годишен маж под сомнение за напад според член 47 и напад според член 39“, изјави портпаролот на полицијата во Манчестер.
Претставник на Гигс ги демантираше обвинувањата. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед соработувал во истрагата на полицијата. Фудбалската федерација на Велс ја откажа најавената прес конференција на која Гигс кој е селектор на националниот тим требаше да ги соопшти повиканите репрезентативци.