Финецот Кими Раиконен (Лотус) е победник на првата трка од новата сезона во Формула 1 возена утринава по македонско време во Мелбурн, Австралија.
Раиконен иако имаше седма стартна позиција, на крајот успеа да ги помине своите конкуренти и да ја освои Големата награда на Австралија.
Второто место му припадна на шпанскиот пилот Фернандо Алонсо (Ферари), а трет беше Германецот Себастијан Фетел (Ред Бул).
На оваа трка свое деби во тимот на Мерцедес имаше Британецот Луис Хамилтон кој заврши на петтото место, веднаш по четвртопласираниот Фелипе Маса (Ферари).
Од шестото до 10 место се пласираа: Вебер, Сутил, Ди Реста, Батон и Грожан.