По одличниот настап во Мелбурн и првата победа на отвoрањето на Формула 1, Кими Раиконен истакна дека неговиот Лотус може рамноправно да се бори со фаворитите од Ред Бул и Ферари.
-Имаме се што е потребно за да го оствариме тоа, но финансиите се важен дел. Немаме исти буџети како Ферари, Ред Бул или Мерцедес, но минатата година дојдовме до заклучок дека и без тоа можеме да оствариме добри резултати.Кога би имале повеќе пари шансите би биле поголеми и ќе можеме да бидеме рамноправни со големите тимови – изјави тој.
Светскиот шампион од 2007 година истакна дека екипата мора да вложи напори во работата и болидот за да го повторат успехот од минатата сезона.
Втората трка во Формула 1 е закажана за недела 24-ти март на патеката „Сепанк“, за големата награда на Малезија.
Елена Георгиевска