Полската тенисерка Агнешка Радванска е победник на ВТА турнирот кој се одржуваше во Сиднеј (Австралија).
Таа во финалето, претпладнево за само еден час и три минути игра со 2:0 во сетови и без изгубен гем (6:0 и 6:0) ја победи словачката тенисерка Доминика Чибулкова.
Ова беше последен турнир на австралискиот континент пред започнувањето на Грен слемот „Австралија Опен“ кој в понеделник стартува во Мелбурн.