Српскиот кошаркар Владимир Радмановиќ реши да стави крај на својата кошаркарска кариера.
Радмановиќ кој својата професионална кариера ја започна во белградска Црвена звезда, а во 2001-година од редовите на ФМП Железник замина преку „големата бара„ односно во НБА, реши да престане активно да игра кошарка.
Пет сезони го носеше дресот на Сиетл Суперсоникс, а најдобра сезона му беше 2003/04 кога имаше просек од 12 поени и 5,3 скока по натпревар. Играше и за Клиперси, Лејкерси, Шарлот, Голден Стејт Вориорс, Атланта и Чикаго.
Радмановиќ беше дел од репрезентацијата на Југославија која го освои златниот медал во СП во Индијанаполис во 2002 година.