Раца: Подготовките се одвиваат според планираното

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија е во фаза на подготовки, а за неколку дена избраниците на селекторот Драган Раца ќе ги имаат и првите контолни натпревари во пресрет на квалификациите за Европското првенство во 2017 година.

Дваесетина дена македонските репрезентативци работеа пред се на подобрување на физичката подготвеност.

– Уште сме на почетокот од подготовките бидејќи сега не очекува делот каде ќе треба да работиме и на тактичкиот дел, а воедно не очекуваат и контролните натпревари. Сега за сега работиме според планираното и немаме ниту еден повреден играч од тие што тренираат. Задоволен сум од работата на играчите атмосферата е на потребното ниво и градиме тимски дух, изјави на денешната прес-конференција селекторот Раца.

Тој напомена дека од вчера на тренинзите е присутен Марко Симоновски, кој ќе тренира индивидуално и ќе биде со репрезентацијата, а ќе се следи неговата здравствена состојба. Воедно по завршувањето на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје за играчи до 18 години капитенот на оваа селекција Ненад Димитријевиќ ќе се приклучи во работата со најдобрата репрезентација.

За ангажманот на Американецот Ромео Тревис, кој ќе настапува за македонската репрезентација селекторот Раца истакна дека во Евролигата оваа сезона играл во добра форма.

– Неговата состојба ми беше позната. Тоа е играч кој може да создаде предност затоа и го избравме, рече Раца.

Капитенот Војдан Стојановски за текот на подготовките посочи дека работат напорно.
– Сега ќе следува периодот кога ќе играме и натпревари, потребно е да го имаме потребниот ритам и најважно да избориме пласман на Европското првенство. На овие контролни дуели приоритет ќе биде добро да се воиграме, а резултатот нема да биде во прв план, додаде Стојановски.

Македонија на 5 и 6 август ќе одигра два пријателски натпревара со Бугарија, а првиот дуел од квалификациите Македонија го игра на 31 август дома со Луксембург. Противници на нашите кошаркари се уште и селекциите на Велика Британија и на Унгарија, а Македонија сите натпревари како домаќин ќе ги игра во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос