Работнички – Струмица во битка за „Суперлигата“

Од:

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички, вечерва од 19 часот во „Градски парк“ во Скопје ќе ја пречека Струмица во натпревар кој ќе одлучи која ќе биде петтата екипа од Првата лига која ќе обезбеди пласман во Суперлигата.

Во истиот термин (19 часот) во Куманово, истоимената домашна екипа го пречекува Пелистер Спорт.

Фени Индустри и Вардар ќе го отворат 13. коло од Првата кошаркарска лига. Натпреварот во Кавадарци започнува во 18 часот. Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Лирија – Кожув (почеток 18:30).

Табела: Кожув 10-2 (победи-порази), Лирија 9-3, Фени Индустри 9-3, Куманово 7-5, Работнички 5-7, Струмица 5-7, Вардар 2-10 и Пелистер Спорт 1-11.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он