Работнички се надева на чудо во реваншот против руската Парма во ФИБА Еврокупот

Од:

Кошаркарите на Работнички се пред тешка задача во дуелот реванш натпреварот против руската екипа Парма во рамките од квалификациите за ФИБА Еврокупот.

Откако најтрофејниот македонски кошаркарски колектив ја загуби првата средба на гостински терен во Прем, каде избраниците на Марин Докузовски беа совладани со 88:63, ќе треба да направат вистинско чудо да ја надополнат -25 поени.

Сепак, тимот од „Градски парк“ нема да се предаде, а со поддршка од своите навивачи се надева дека ќе успее да ја надополни високата негативата и да се пласира во следната рунда.

Затоа, раководството на Работнички реши влезот да биде слободен и да ги отвари вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ за претстојниот натпревар.

– КК Работнички ги повикува сите искрени фанови и симпатизери на клубот да ги исполнат трибините на спортскиот центар и официјално да означиме почеток на новата натпреварувачка сезона 2017/2018 пред домашната публика, се вели во соопштението на Работнички.

Реванш натпреварот од првото квалификациско коло меѓу Работнички и Парма, Прем ќе се игра вечерва во терминот од 19 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

ТФТ и Куманово ги почнуваат квалификациите во ФИБА Еврокупот

Ана Ололовска

Втор пораз на Карпош Соколи во ФИБА Еврокупот

Наум Локоски

Карпош Соколи поразен од Солнок во првиот меч од ФИБА Еврокупот

Наум Локоски

Работнички поразен од Парма во првиот меч од ФИБА Еврокупот

Наум Локоски