Работнички поразен од Парма во првиот меч од ФИБА Еврокупот

Од:

Кошаркарите на Работнички го загубија првиот меч против руската екипа Парма во рамки од квалификациите за ФИБА Еврокупот.

На средбата од првото квалификациско коло, одиграна попладнето во Прем, избраниците на Марин Докузовски загубија од Парма со 88:63 по четвртини 24-17, 17-16, 27-15 и 20-15.

Најефикасен во таборот Работнички беше бугарскиот репрезентативец Костов со 22, а покрај него двоцифрен број поени постигна само и Американецот, кој средбата ја заврши со 14 поени.

Реванш натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 27 септември со почеток од 19:30 часот.

Ако тимот од „Градски парк“ уепее да ја анулира високата негатива, тогаш во второто квалификациско коло ќе се сретне со Ле Портел од Франција.

Во случај Работнички да ги помине двата квалификациски круга, 14-кратниот македонски првак ќе влезе во главната фазана ФИБА Еврокупот, во која што ќе играат и 22 екипи кои што нема да обезбедат пласман во Лигата на шампионите на ФИБА во чии квалификации игра Карпош Соколи.

Би можело да ве интересира

ТФТ и Куманово ги почнуваат квалификациите во ФИБА Еврокупот

Ана Ололовска

Втор пораз на Карпош Соколи во ФИБА Еврокупот

Наум Локоски

Карпош Соколи поразен од Солнок во првиот меч од ФИБА Еврокупот

Наум Локоски

Работнички се надева на чудо во реваншот против руската Парма во ФИБА Еврокупот

Наум Локоски