Работнички обезбеди пласман во Суперлигата

Од:

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички вечерва во Скопје ја победи Струмица со 99:66 во директен дуел за пласман во Суперлигата.

Со оваа победа тимот од Градски парк им се придружи на Кожув, Лирија, Куманово, Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром во следната фаза за разигрување за титулата од македонското кошаркарско првенство.

На другите денешни натпревари од 13.коло во Првата лига постигнати се следниве резултати: Куманово – Пелистер Спорт 92:77 и Фени Индустри – Вардар 87:74.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Лирија – Кожув (почеток 18:30).

Табела: Кожув 10-2 (победи-порази), Фени Индустри 10-3, Лирија 9-3, Куманово 8-5, Работнички 6-7, Струмица 5-8, Вардар 2-11 и Пелистер Спорт 1-12.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он