Најтрофејниот кошаркарски клуб на Македонија, КК Работнички ги полни батериите за наредната сезона – 2013/2014.
Кошаркарите денеска отпатуваа во Дебрецин, Унгарија, каде што ќе учествуваат на меѓународниот кошаркарски турнир. На турнирот ќе учествуваат и КК Војводина од Нови Сад, ДЕАЦ од Унгарија и Славија Трнава од Словачка.
Избраниците на тренерот Емил Рајковиќ се враќаат во старата препознатлива форма. Велат се чувствуваат кондиционо подготвени и ова е добра основа за воигрување на тимот на неполн месец пред почетокот на претстојната натпреварувачка сезона.
Кошаркарите денеска ги испрати градоначалникот на Општина Центар, придружуван од новоизбраната управа на клубот посакувајќи им многу среќа и добри резултати.