Со натпреварот Работнички – Струмица (почеток 18 часот) вечер во Скопје ќе се комплетира деветтата рунда од Првата македонска кошаркарска лига. Работнички е апсолутен фаворит на овој натпревар.
Претходно, на другите три средби победи забележаа Фени Индустри, Кожув и Пелистер.
Фени Индустри беше убедлив на гостувањет кај АВ Охрид и славеше со 83:62. На дербито во Гевгелија, домашниот Кожув славеше победа над Куманово со 80:69, додека на дуелот меѓу екипите од долниот дел на табелата, Пелистер го совлада Вардар со 69:57.
Табела: Фени Индустри 17 бода, Работнички 15, Куманово 15, Кожув 14, Пелистер 13, Струмица 11, Охрид 11, Вардар 9.