Кошаркарите на Работнички и Фени Индустри го задржаа стопроцентниот ефект во македонското првенство и по 4 коло. Водечкиот Работнички во дербито на колото во „Градскиот Парк“ минимално го совлада Кожув, додека кавадарчани забележаа тесна победа над Вардар.
Постигнати резултати:
Вардар – Фени Индустри 54:59,
Работнички – Кожув 81:80,
Куманово – Пелистер 82:67 и
Струмица – Охрид 74:68.
Табела: Работнички 8 бода, Фени Индустри 8, Куманово 7, Струмица 6, Кожув 5, Пелистер 5, Охрид 5 и Вардар 4.