Лидерот на табелата на Првата кошаркарска лига Работнички вечерва во салата во „Градски парк“ во Скопје го пречекува битолски Пелистер во рамките на 6. коло.
Работнички заедно со екипата на Фени Индустри се двете непоразени екипи од лигашкиот дел на натпреварувањето, додека гостите од Битола имаат два триумфа.
Утре се играат два натпревара: Вардар – Куманово и Струмица – Фени Индустри, додека во недела ќе биде комплетирано колото со дуелот Кожув – Охрид.
Табела: Работнички 10 бодови, Фени Индустри 10, Куманово 8, Кожув 8, Струмица 7, Пелистер 7, Охрид 6, Вардар 5.